96
Пратеникот од редовите на Демократската Унија за Интеграција, денес во Собранието на Република Македонија го пречека Грчкиот амбасадор во Скопје, г. Харис Лалакос.
Груби и Лалакос разговараа околу актуелните политичките случувања и позиции во Македонија. Груби пред Амбасадорот Лалакос ја истакна важноста на европската активна вклученост во олеснувањето на политичкиот дијалог, но и следење на судските спорни постапки во земјата како и потребата за вклучување на официјален Вашингтон во поттикнување на страните за надминување на тешката политичка криза во земјата.
Исто така, Груби истакна дека сите политички партии треба да придонесуваат за одржување на фокусот на земјата за интеграција во НАТО и ЕУ и да се вклучат што е можно поскоро во решавањето на политичката криза која ги попречува нашите напори кон решавање на прашањето за името и пронаоѓање компромис со нашиот јужен сосед.
