290
Три земјотреси со јачина од 3, 3,4 и 3 степени според Рихтеровата скала се случија во раните утрински часови во средата јужно од Крит, во поморската област.
Првиот земјотрес беше со јачина од 3 степени.
По него следеше малку посилен земјотрес со јачина од 3,4 степени според Рихтеровата скала, а епицентарот бил на 48 километри од градот Палеохора. Фокусната длабочина беше 6,7 километри.
Третиот земјотрес со јачина од 3 степени бил на истото место како и вториот, на длабочина од 12,9 километри.
Засега нема информации за повредени или материјална штета.