Грчкиот премиер: Двоумењето околу вакцините влијае на високата стапка на смртност

од Stefanija Kuzmanovska
330 прегледи

Грчкиот премиер Кирјакос Мицотакис денеска испрати покана до постарите Грци да се вакцинираат, проценувајќи дека двоумењето околу примањето на вакцина е причината зошто стапките на смртни случаи и хоспитализации од ковид-19 се толку високи.

„Податоците што ги имаме од одделот за интензивна нега и пациентите со интубација се јасни – 95 отсто од нив, наши сонародници, не се целосно вакцинирани“, рече премиерот Мицотакис.

Грчката програма за вакцинирање е приближно на ниво на просекот во ЕУ, но бројот на смртни случаи е поголем и бројот на пациенти со ковид-19 на кои им е потребна интензивна нега е на највисоко ниво од почетокот на пандемијата.

Здравствените експерти велат дека Грците постари од 80 и под 70 години не закажуваат вакцинации или не се појавуваат во закажаното време во значително поголем број од оние во сегментот од 75 до 79.

Владата апелираше до Грчката православна црква и до пензионерските организации да помогнат во програмата за вакцинација.

Слични содржини