Грчките земјоделци ќе блокираат автопати и гранични премини и ќе одржат протест во Атина

од Radmila Tasevska
186 прегледи

Засилување на активностите односно блокирање на патишта, автопати и гранични премини, како и одржување голем протест во Атина следната седмица, одлучија грчките земјоделци на денешниот состанок одржан во Лариса, јави дописничката на МИА од Атина.

На состанокот, според грчките медиуми, присуствувале 55 блокови на земјоделци и 70 федерации, ги повикале нивните колеги од утре масовно да учествуваат во активностите, а одлучиле: блокади и затворања со трактори на автопатите и локалните патишта и на граничните премини, протести низ градовите и централен протест следната недела во Атина со трактори.

Земјоделците изразиле незадоволство од досегашните мерки на Владата, како и оние кои грчкиот премиер го соопшти во петокот и бараат:намалување на трошоците за производство, земјоделската нафта да биде ослободена од данок, намалување на цената на струјата на седум центи за киловатчас, субвенција за добиточна храна, 100 отсто надомест и оштета за загубениот приход од производите.

Владиниот портпарол Павлос Маринакис во интервју за радио порача дека „вратата од кабинетот на премиерот е секогаш отворена за средба со земјоделците“.

Слични содржини