106
Грчката влада објави дека од ЕУ очекува додатна помош од најмалку 330 милиони евра за згрижување на мигрантите за 2016, како и засилување со луѓе.
Министерството за политика одреди дека следната година ќе бидат потребни околу 480 милиони евра за згрижување на мигрантите,кои од почетокот на годината стигнале до пола милион, според податоците на УНХЦР.
Грција исто така очекува помош во кадар за регистрација и одвојување на бегалците од економските мигранти. Само шест држави членки до сега понудиле едвај 48 луѓе за Frontex, од бараните 775, а за Easo(агенција за азил), 81 од 370 од бараните.