Грција: Деветмина обвинети за бродската несреќа ќе останат во притвор до судењето

од Stefanija Kuzmanovska
216 прегледи

Девет мажи обвинети за најсмртоносната бродска несреќа во Медитеранот оваа година, во која загинаа најмалку 82 мигранти, се во притвор во очекување на судењето, соопшти денеска крајбрежната стража, додека Европската унија вети повеќе ресурси и акции во врска со миграцијата.

Грција се уште го пребарува морето на поширок простор, по катастрофата што се случи на 12 јуни, иако шансите да се најдат повеќе преживеани практично не постојат, објави „Ројтерс“.

Рибарски брод долг 20 до 30 метри, на кој имало стотина мигранти, потона во близина на југозападниот брег на Грција на пат кон Италија, кој тргнал од Либија.

Слични содржини