Грција планира да гради пристаниште за евакуација на островот Санторини за да го олесни безбедното бегство на луѓето во случај популарната туристичка дестинација да биде погодена од земјотрес.
Санторини, вулкански остров во Егејското Море, е потресен од десетици илјади благи земјотреси од крајот на јануари, принудувајќи илјадници луѓе да избегаат, а властите да ги забранат градежните активности и да ги затворат училиштата и околните острови.
Не се пријавени поголеми штети, но научниците велат дека сеизмичката активност била без преседан дури и во земја подложна на земјотреси како Грција, а не се исклучува ни можноста за посилен земјотрес.
Споед властите, главното пристаниште, кое се наоѓа во подножјето на стрмата падина е слаба врска, иако не е забрането за користење во итни ситуации.
Министерот за цивилна заштита Василис Кикилијас рече дека Грција ќе изгради пристаниште за евакуација за безбедно приклучување на патничките фериботи додека не се воспостави нова пристанишна инфраструктура.