134
Портпаролката на грчката влада Олга Геровасили изјави дека Атина нема да згрижи 50 000 бегалци, најгласувајќи дека Владата нема да прифати „било какви концентрациони логори“ во земјата.
Во изјава за медиумите во Грција таа рече дека условот за згрижување на бегалци е да биде „рамноправен и сразмерен“ за сите европски земји.
Сепак таа рече дека Грција ќе ги исполни своите обврски и дека Атина очекува финансиска помош од ЕУ.
-„Формирањето на новите кампови ќе зависи од финансирањето.“-реле грчкиот министер за миграција.
Грчкиот премиер Ципрас вчера во Брисел се согласи со планот на Европската комисија, Грција да ги зголеми капацитетите за прием на бегалци од сегашните 30 000 на 50 000.