„Грдата Бети“ се пофали: Го очекува второто дете

437 прегледи

Американската актерка Америка Ферера, објави радосна вест на социјалните мрежи. Таа и својот сопруг, актерот Рајан Пирс Вилијамс, го очекуваат доаѓањето на нивното второ дете. Ферера објавила фотографија со семејството, на која јасно се гледа нејзиното трудничко стомаче.

https://www.instagram.com/p/B6witE_hPHx/?utm_source=ig_embed

„Го чекаме бебето број два во 2020! Среќна Нова година на сите од нашиот див и растечки чопор“, напишала актерката и „заработила“ многу честитки во коментарите.

Ферера се прослави со улогата во серијата „Грдата Бети“, а е добитничка на Златен глобус. Актерскиот пар се венчаше во 2011 година, а во 2018 го добиле синот Себастијан.

Слични содржини