Најнезаборавните моменти од шоуто на овогодинешните награди “Греми” се многу. На прво место најголемата ноќ за музичката индустрија започна и заврши со страшен тресок.f4eb9e2636a41762526f3a2219418fe5

За време на 58-то шоу пееја поп ѕвезди како Тејлор Свифт, Кендрик Ламар, Џастин Бибер и Адел.

Блондинката Тејлор го отвори шоуто со изведба на хитот  “Out of the Woods”, по што прибра неколку награди-грамофончиња втора година по ред.

Во меѓувреме Адел беше забележана да си ја потпевнува песната на Свифт, додека седи во првиот ред во непосредна близина на Ед Шииран.

Селена Гомез и Тејлор Свифт пак повторно го демонстрираа своето супер неколебливо пријателство, додека Селена ја придружуваше Тејлор на наградите наместо дечкото на русокосата ѕвезда – диџејот Калвин Харис, кој не се појави на предметната вечер.

Видете кои се најважните акценти од овогодинешните награди “Греми”  во галеријата.

a5d858dae5ce4ca526fac41ab7197e08Лејди Гага оддаде почит на легендарниот веќе покоен пејач, Дејвид Боуви за време на шоуто. Боуви почина во јануари на возраст од 69 години, откако ја загуби битката со ракот.

315980b63a661d50418d238243251ea8Стиви Вондер ја пееше акапела “That’s the Way of the World” во чест на Морис Вајт од Earth, Wind & Fire, кој почина неодамна на 74 години. Стиви ја натера публиката да се смее, и се пошегува дека не може да ја прочита картичката со претставувањето на песна на годината.1f104853da62fe25a1f62bb81e515d32

Меган Tрејнер одржа емоционален говор низ солзи додека ја примаше наградата Греми за најдобар нов изведувач. 46fa6721baeab9e7dfd628f7b6d4cddfЧленовите на The Eagles оддадоа почит на гитаристот Глен Фреј, кој почина во јануари на возраст од 67 години.cf39e2019c112f0e258c8743cd14bfb3

Џастин Бибер исто се распеа на сцената.b34b880fa8312452e5117acf9fa3fdf7Гвен Стефани имаше премиера на своето ново музичко видео за песната “Make Me Like You” во живо за време на рекламниот блок на наградите “Греми”. 83848a8ce8b80ca2ada13fd138bdd8d1Сем Хант и Кери Андервуд покажаа на сцената вистинска хемија за време на својот дует “Heartbeat”7755ed77e6cfc6eb13775ef53b50f25bЏастин Бибер дојде на шоуто во друштво на својот брат, кој беше негова мала копија.

ced29b529930dbcff898576438f4be0dХоливудските вампири (The Hollywood Vampires) го направија своето деби на наградите Греми. Џони Деп, заедно со неговите колеги Алис Купер, Даф Макаган и Џо Пери, оддадоа почит на фронтменот на Motorhead Леми Килмистер. Килмистер почина на 70-годишна возраст од агресивна форма на рак, исто така, неодамна.7459fac64cb07725810235384923165dБела Адид, сестрата на Џиџи, се појави под рака со раперот The Weeknd, со што двајцата го направија своето деби како двојка. Тој, пак, беше номиниран за две Греми награди.9135d257ff8b1811533d8764af24b278Лајонел Ричи ги обедини силите на сцената со помладите колеги Деми Ловато, Џон Леџенд, Меган Трејне, Лук Брајан и сите пееја хитови на Лајонел.8f49bdf32cf80103d5730a56dfb82806Адел имаше технички проблеми на сцената, а според публиката е пеела фалш … Според очевидецот Џастин Бибер, кој пееше пред неа, се испуштил микрофонот на пијаното и тоа е причината таа да звучи така.56f56cf70b8e4fb213272dab239c15b2Пит Бул и Софија Вергара го затворија шоуто. Ѕвездата од серијата “Модерно семејство” беше облечена во златно и танцуваше секси.

Фото: gettyimages.com

Слични содржини