Специјалниот претставник за мисии на американскиот претседател Трамп, Ричард Гренел денеска изјави дека владата на Приштина, предводена од Албин Курти, не инспирирала доверба за време на првиот мандат на американскиот претседател Доналд Трамп, ниту за време на администрацијата на поранешниот американски претседател Џозеф Бајден, додавајќи дека и републиканците и демократите го критикувале Курти за повлекување на едностраните потези насочени кон дестабилизација на регионот.
„Меѓународната заедница е обединета против Курти“, напиша Гренел на мрежата Х, пренесува Политика.рс.
Тој изјави дека администрацијата на Трамп добро соработувала во минатото и ќе продолжи да соработува со сите на Балканот, но дека за тоа се потребни партнери кои инспирираат доверба, пренесува Танјуг.
„Американските компании се шират во Албанија и Србија, но не се шират на Косово поради Курти“, посочи Гренел, додавајќи дека Курти се спротивставил и на сите идеи предложени од американските претседатели Бил Клинтон, Џорџ Буш, Барак Обама, Џозеф Бајден и Доналд Трамп. Реториката што Курти сега ја користи, тврдејќи дека е близок со САД и дека владата што ја предводи е подобра од сите други влади на Косово е апсолутно лажна. Не се залажувајте“, нагласи Гренел.