Гренел: Едвај чекам да ја видам косовската амбасада во Израел во живо

од Nikola Popovski
381 прегледи

Поранешниот специјален пратеник на американскиот претседател за преговори меѓу Косово и Србија, Ричард Гренел, на Твитер изјави дека едвај чека да ја види косовската амбасада во Израел во живо.

„Огромна. Историски. Прекрасно. Едвај чекам да ја видам во живо“, напишал Гренел на Твитер, кој беше пратеник на поранешниот американски претседател Доналд Трамп.

Косовските власти претходно денес објавија дека ја отвориле својата амбасада во Ерусалим.

Привремениот министер за надворешни работи на Косово, Бесник Тахири, рече дека воспоставувањето дипломатски односи со Израел, што кулминира со отворање на амбасада во Ерусалим, е „еден од најважните моменти за државата Косово“.

Косово и Израел воспоставија дипломатски односи на 1 февруари. Воспоставувањето на овие односи беше договорено со Вашингтонскиот договор за економско нормализирање на односите меѓу Косово и Србија, кој беше потпишан на 4 септември 2020 година во Белата куќа во присуство на Трамп и Гренел.

Слични содржини