341
Ричард Гренел, специјалниот претставник на САД за дијалогот меѓу Белград и Приштина во кабинетот на екс-претседателот Доналд Трамп, оцени дека фактот дека премиерот на Косово, Албин Курти гласал на изборите во Албанија, кажува многу за него.
Гренел на Твитер истакна дека меѓународната заедница треба да биде сомнителна во однос на мотивите на Курти.
„Премиерот на Косово гласа на албанските избори. Тоа му кажува на светот многу за Курти. Меѓународната заедница треба да биде сомнителна за неговите мотиви“, сподели Гренел на Твитер.