Гренел повторно го прекори Курти: Зошто сакаш Косово да исчезне?

од Nikola Popovski
380 прегледи

Ричард Гренел на својот профил на Твитер изјавил дека меѓународната заедница работела премногу напорно за решавањето на косовското прашање да биде оставено на Албин Курти.

Гренел посочил дека народот на Косово заслужува слобода и просперитет.

„Меѓународната заедница работеше премногу напорно за Албин Курти да го расформира Косово. Народот на Косово заслужува слобода и просперитет. Зошто лидерот би сакал Косово да исчезне?“, напишал Гренел.

Да потсетиме, Гренел на Твитер во вторникот напиша дека Курти секогаш бил антиамериканец и смета дека американскиот претседател Џо Бајден треба да го спречи.

„Новиот антиамерикански лидер на Косово, Албин Курти, беше против американската политика предводена од Бил Клинтон, Џорџ В. Буш, Барак Обама и Доналд Трамп. Тој отсекогаш бил антиамериканец“, истакна Гренел.

Слични содржини