Гренел: Три години по потпишувањето на Вашингтонскиот договор, односите меѓу Белград и Приштина се влошени

од Stefanija Kuzmanovska
184 прегледи

Поранешниот американски претставник за дијалог меѓу Белград и Приштина, Ричард Гренел, денеска, по повод тригодишнината од Вашингтонскиот договор, кој беше потпишан во Белата куќа, изјави дека по заминувањето на Доналд Трамп од функцијата претседател на САД , односите меѓу Белград и Приштина се влошени.

„Во последните две и пол години насилството меѓу страните се зголеми, зависноста од трупите на НАТО се зголеми, а економските перспективи – особено во Косово – ослабеа“, рече Гренел во изјава за српското радио Чикаго.

Според неговата проценка, повеќе од две и пол години откако Доналд Трамп ја напушти Белата куќа, односите меѓу Белград и Приштина трпат поради напуштањето на дипломатското, политичкото и економското раководство од страна на Бајден.

Слични содржини