Гренланд го забрзува процесот на независност – изборите ќе ги одредат идните чекори

од Илинка Илиоска
22 прегледи

Лидерот на владејачката партија на Гренланд, Ерик Јенсен, изјави дека ако неговата партија Сиумут повторно добие мандат на изборите, тој ќе го забрза процесот на независност на Гренланд.

Тој рече дека во тој случај ќе иницира одредени правни чекори за преговори за условите за идните односи на Гренланд со Данска и одржување референдум за независност во следниот парламентарен мандат, пишува Гардијан.

Џенсен изјави дека изјавите на американскиот претседател Доналд Трамп дека САД треба да го „преземат“ Гренланд индиректно влијаеле на таа одлука.

Портпаролката на партијата, Дорис Јакобсен Јенсен ја критикуваше данската премиерка, Мете Фредериксен за нејзиниот одговор на изјавите на Трамп, обвинувајќи ја дека ја игнорирала волјата на Гренланд.

Сепак, постојат практични прашања во врска со идните договори, особено во однос на финансиската поддршка што Данска во моментов ја дава на Гренланд, во износ од околу 580 милиони евра, пишува Гардијан.

Неодамнешната анкета покажа дека мнозинството Гренландци очекуваат оваа помош да продолжи и по независноста, но неизвесно е дали Данска ќе го прифати тоа.

Гренланд ќе има парламентарни избори на 11 март, како што најави премиерот Муте Егеде.

Претстојната изборна кампања ќе се фокусира на аспирациите на Гренланд за независност, развојот на кревката економија на островот, како и односите со Данска и САД.

-Се наоѓаме во сериозен период, каков што никогаш не сме доживеале во нашата земја. Не е време за внатрешни поделби, рече Егеде на социјалните мрежи.

Слични содржини