Некои готвачи додаваат сиров ориз во смесата со месо, додека други го прават со маст, но сите се согласуваат дека филот мора да биде сочен.
Тајната на сочноста може да биде во изборот на вистинскиот вид на месо, а за подобро да го комбинирате со останатите состојки, можете да додадете и јајце.
Полнетите пиперки може да се динстаат со запршка или во мешавина од супа од зеленчук и концентрат од домати, а „класичарите“ претпочитаат да додадат домашен сос од домати, пишува N1.
Купувате погрешен вид пиперки
Најдобрите пиперки за полнење се пиперките со тенка кора, како што е бабурата. Секако, можете да се обидете да експериментирате и со други видови, но во тој случај ќе добиете сосема поинакво јадење од она што традиционално го подготвуваат мајките и бабите.
Избирате погрешно месо за полнети пиперки
Иако секоја домаќинка има свој рецепт, најчесто се користи мешавина од мелено месо, ориз и кромид, а се додаваат и зачини како мелена пиперка, бибер, сол, магдонос и лук во прав. Може да се додаде и јајце.
Чистото говедско месо обично излегува премногу суво, па затоа се користи мешано мелено месо. Добар сооднос е 70:30 во корист на говедско месо. Ако сепак се одлучите за чисто говедско месо, најдобар избор е месото од плешка. Некои готвачи додаваат ситно сечкана сланина за сочност и вкус.
Ги полните пиперките до врвот
Откако ќе ја исчистите пиперката од семките, наполнете ја со смесата, но никогаш до врвот. За време на готвењето се зголемува волуменот на оризот, па смесата може да испадне и пиперките да испукаат.
Врз смесата со месо можете да ставите и исечено парче домат бидејќи освен што смесата нема да испадне од пиперката, аромата ќе биде повкусна.
Додавате премногу запршка
Пиперките се меѓу тешко сварливи зеленчуци, а доколку додадете маснотии од филот во садот, како и многу сос, постои ризик да имате стомачни проблеми.
Полесната верзија на оброкот вклучува помалку запршка или брашно измешано во вода, кое може да се користи и за згуснување на сокот од полнетите пиперки.
Неправилно го подготвувате оризот
Причината зошто пиперките се секогаш подобри за некои луѓе можеби е во начинот на кој се подготвува оризот. Ако изберете неквалитетен ориз или го преварите, резултатот ќе биде разочарувачки.
Најдобро е во смесата да додадете сиров ориз или кратко да го зготвите, односно кратко да го пропржите на масло или свинска маст.