Луѓето се различни и она што на некому му пречи, на друг му претставува задоволство и обратно.
Но, жените откриле кои потези во кревет им пречат толку многу што скоро веднаш „отпишуваат“ маж поради нив.
1. Избрзан секс
Брзиот секс понекогаш е одличен, но жените генерално не сакаат кога мажот прави сè премногу брзо и се однесува скоро како да сака да го одложи „дејството“ – се менува во пози на секои 20 секунди, ве допира насекаде како мува без глава …
2. Заспива веднаш по сексот
Секој има свој мал ритуал по сексот – некои имаат посебно задоволство да се прегрнат и да се галат со својот партнер, други сакаат да запалат цигара, други веднаш скокаат да се истушираат …
Она што најмногу им пречи на жените е кога партнерот ќе се сврти и заспие веднаш по сексот.
Но, можеби за тоа не треба да се обвинуваат премногу мажите, бидејќи по сексуалниот врв се зголемува лачењето на серотонин, што ги прави поспани.
3. Без предигра
На повеќето анкети спроведени на оваа тема, жените се согласија за една работа – ги полудува кога мажот избегнува предигра, туку тој би сакал веднаш да премине „на работа“.
На жените обично им треба малку подолго од мажите за да се возбудат, па брзањето воопшто не помага.
4. Сметаат дека надареноста е доволна за добар секс
Постојано се фали со својот „алат“, а во кревет не е премногу активен … Убеден е дека неговиот талент е доволен и дека не треба да вложува посебни напори.
За жените, всушност, големината на „машката гордост“ не значи многу, а за нив е многу поважно мажот да се потруди во кревет …
5. Тој сака само една поза
Не секој сака постојано да ги менува позите, но повеќето дами се согласуваат дека „акцијата“ во само една поза станува здодевна со текот на времето.
Ако ова е проблем со вашиот партнер, најдобро е да разговарате со него, можеби работата е во тоа што тој е несигурен и му треба мала поддршка од вас за да блесне и да стане голем љубовник.