Секој кој е сексуално активен, знае дека романтичниот секс е нешто поголемо од стандардниот. За да го направите водењето љубов пријатно постојат неколку работи на кои треба да се држиме, и неколку кои во никој случај не е соодветно да ги преземаме. Еве неколку грешки кои ги дозволуваме кога си играме “чичко доктор”.Love-sex-and-sexuality-30528227-500-375

1. Бакнувањето е поважно отколку што мислите

Додека лигавењето не е целосно неопходно од козметички причини, допирот на усните сигурно ги одржува работите во романтичната суштина. Со други зборови станува возбудливо кога обрнуваме внимание не само на половите органи на партнерот. Има купишта ерогени зони и кај двата пола, кои ако бидат внимателно стимулирани, можат да го направат сексот  уште пофасцинантен.

2. Душо, рашири ги нозете

Постојат некои секс пози кои се релативно тешки за совладување. Убаво е да се обрне внимание дека кога сме на партнерот, нашето тело покажува притисок врз неговото. Ова важи како за мажите, така и за жените. Треба да ги почитуваме можностите на човекот под нас – дури и да сме благи, по некое време притисокот под покривката ќе предизвика болка. Сепак не го правите во бестежинска состојба.

3. Тоа е чудно …

Се разбира, максималната точка во сексот си има свои правила – забрзано темпо, метежот, викање … Полесно е да се каже отколку да се направи, но премногу раното постигнување оргазам би можело да биде погубно за доживувањето. Нема ништо подосадно од тоа да го чекате партнерот да ја “премине” финалната линија. Истото важи и за многу зборување за време на секс – убива.

4. Непишани правила

Генерално се прифаќа како учтиво да го предупредиме партнерот, кога ќе дојде време. Ова важи како за мажите, така и за жените. Со предупредување им кажувате како да продолжат..

Бакнежот е со затворени очи – многу е непријатно, кога по бакнеж ќе ги отворите капаци и од другата страна ве зјапаат две големи очни јаболка …

5. Безбеден секс

Тоа дури и не подлежи на коментар. Штом не го познавате сексуалниот партнер, секогаш со кондом! Во интерес на вистината, не е лошо дури и да поразговарате со него за кондоми. Како што знаете, секој пенис е со индивидуална форма и должина, што укажува и различен “мантил” за секој еден. За радост на мажите, пазарот е презаситен со секакви видови, кои се карактеризираат со различна должина, дебелина, вдлабнатина и што ли уште не.

Слични содржини