На социјалната мрежа Reddit веќе неколку дена кружи мапа, направена од член на мрежата, на која се прикажани вторите најголеми нации на секоја европска земја. Мапата е полна со неточни податоци, алармираат повеќе медиуми.
Мапата ја покрива Европа, па според таа мапа Русија има најмногу Украинци како втора нација, но затоа Русите како втора етничка група доминираат на истокот – во балтичките држави, Украина и Белорусија.
Што се однесува до Балканот, грешките се гледаат веднаш. Во Романија е прикажано дека втора најбројна нација се Унгарците, иако се Ромите. Во Бугарија, како втора најголема етничка група се прикажани Турците, кои според пописот од 2011 година ги има околу 700.000, или околу 9,4%. Турците, освен во Бугарија, како втора етничка група се најзастапени и во Германија и Австрија.
„Ситните“ грешки не ги забележал ни бившиот премиер на Шведска, Карл Билт, кој ја сподели оваа мапа на Твитер со коментар „интересно“
Во Албанија најбројни како втора нација се Грците. Во Македонија пак, тоа се Албанците, кои се најзастапени како втор етникум и во Грција.
На Косово како втор најзастапен етникум не се Србите, туку – Бошњаците. Србите како втора најзастапена нација доминираат во Босна, Црна Гора, Хрватска и Словенија.
Во Шпанија како втора најголема етничка заедница се прикажани Романците, иако далеку побројни се Каталонците и Баските. Многу е занимливо, како неписменоста проаѓа и кај „големите“ политичари, државјанство, националност, идентитет…а што беше тоа за Европа ?

