Грета ќе биде пресреќна: Мајкрософт до 2030 ќе стане „јаглерод негативен“

297 прегледи

Компанијата Мајкрософт вети дека ќе стане „јаглерод негативен“ до 2030 година и дека ќе ја искористи својата технологија, моќ и влијателност за да ја намали емисијата на јаглерод диоксид во целокупниот простор.

Иницијативата на Мајкрософт беше претставена оваа недела, а технолошкиот гигант си зададе цел да до 2030 година елиминира што повеќе јаглерод диоксид од околината него што емитира секоја година.

Мајкрософт тврди дека до 2050 година ќе отстрани количина на јаглерод еквивалентна на вкупната количина емисии на Мајкрософт од основањето пред 45 години.

Мајкрософт објави дека ќе ги притисне добавувачите, купувачите и политичарите да ја намалат емисијата на јаглерод и дека ќе инвестира милијарда долари во следните четири години за да го забрза развојот на технологијата која може да го отстрани јаглеродниот диоксид од атмосферата, што е „технологија која денеска не постои во потполност„, рекол претседателот на Мајкрософт Бред Смит на презентацијата на планот.

Со ова, како шето рекол Смит, Мајкрософт станува технолошка компанија која прави најмногу во борба против климатските промени.

Слични содржини