ШВЕДСКАТА климатскa активистka, Грета Тунберг е обвинета дека не ја послушала наредбата на полицијата да го напушти протестот за климата во јужниот шведски град Малме на 19 јуни, пишува весникот Sydsvenskan.
На денот на инцидентот, Тунберг на Инстаграм напиша дека демонстрантите го блокирале патот за танкери со нафта во пристаништето Малме.
„Климатската криза веќе е прашање на живот и смрт за многу луѓе. Избираме да не бидеме случајни минувачи, туку физички да ја спречиме инфраструктурата за фосилни горива. Ја враќаме иднината“, рече таа.
Доколку биде осудена за непослушност, Тунберг може да биде казнета со парична казна или затвор од шест месеци.
„Имате слобода да протестирате, но не смеете да протестирате на таков начин што тоа ќе предизвика вознемиреност кај другите“, рече обвинителката Шарлот Отосен, според Sydsvenskan.
Канцеларијата за медиуми на шведскиот централен обвинител не можеше веднаш да го потврди извештајот кога Ројтерс ја контактираше за коментар, а не се огласил и претставникот на Грета.