305
Со одлука на судот во Малме, шведската еколошка активистка Грета Тунберг денеска е прогласена за виновна поради одбивање на полициска наредба и е осудена на парична казна.
Судската постапка е покрената врз основа на тужба против Тунберг затоа што одбила да ги послуша полициските наредби и да го напушти еколошкиот протест одржан во средината на јуни, при што таа и нејзините другари го блокираа пристаништето во градот, потсетува „Ројтерс“.
„Одлучивме да не бидеме набљудувачи и затоа физички ја затвораме инфраструктурата за фосилни горива. Ја враќаме иднината“, објави тогаш Грета Тунберг на Инстаграм, објави париски „Фигаро“.