Грета Тунберг се потсмеваше со зборовите на светските лидери: „Бла, бла, бла“ (ВИДЕО)

од Nikola Popovski
305 прегледи

Познатата шведска климатска активистка Грета Тунберг ја искористи можноста да се потсмева со зборовите на некои светски лидери, меѓу кои и британскиот премиер Борис Џонсон, за време на нејзиниот говор на конференцијата „Youth4Climate“ во Милано.

18-годишната користеше снимки на Џонсон како ги изговара неговите вообичаени изрази како што се „build back better“ (фраза која се однесува на закрепнување на општеството по пандемијата на коронавирус) или „expensive bunny hugging“(фраза со која се критикуваат активисти за заштита на животната средина, климатските промени и правата на животните) со цел да покаже како изгледаат „празните зборови и ветувања“ на политичарите, пишува Би-Би-Си.

„Не станува збор за скап, политички коректен чин на гушкање скапи зајаци, бла бла бла“, рече Грета.

„Build back better, бла бла бла. Зелена економија, бла бла бла. Нула емисии до 2050 година, бла бла бла. Тоа е се што слушаме од нашите таканаречени лидери. Зборови. Зборови што звучат одлично, но досега не доведоа до никаква акција“, рече Тунберг.

„Нашите надежи и соништа се потопени во нивните празни зборови и ветувања. Се разбира, ни треба конструктивен дијалог, но слушаме бла, бла, бла веќе 30 години, и каде не доведе тоа?“, додаде таа.

Слични содржини