Не е тајна дека американските ѕвезди заработуваат милиони. Освен што ги трошат на скапи автомобили, облека, луксузни имоти, некои одлучуваат своите пари да им ги дадат на сиромашните, но и да влијаат на останатите, па во своите говори на разни настани зборуваат за помош, за климатските промени и спасот на планетата.
Леонардо ди Каприо
Актерот со години се бори за поголеми права за животните и спас на земјата. Неговата организација „Leonardo DiCaprio Foundation“ пред две години донираше милиони за борба против климатските промени.
Фондацијата ја основал пред 20 години, а преку истата поддржал повеќе од 200 проекти на сите континенти и океани. Финансирал програми за зачувување на живеалишта и видови животни, обновувајќи ги изворите на енергија на вистинските живалишта. Исто така, глумел во документарниот филм „Пред поплавата“ во 2016 година, кој се фокусираше на прашањето за климатските промени.
Актерот неодамна ја запознал и младата активистка за борба против климатските промени, Грета Тунберг и ја нарекол предводник на нашето време и кажал дека му е голема чест што ја запознал.
Опра Винфри
Телевизиската водителка е позната по своите добри дела, донирала милиони во хуманитарни цели, основала неколку добротворни организации како „The Angel Network“, „The Oprah Winfrey Foundation“, „The Oprah Winfrey Operating Foundation“ и „The Oprah Winfrey Leadership Academy for Girls in South Africa“.
Освен тоа, Опра подржува и други организации кои се занимаваат со заштита на околината, борба против ХИВ, а важни и се и образованието и проблемите на жените и децата. За својот допринос доби и почесен Оскар за хуманиратна рбаота во 2011 година.
Опра во 2013 година донирала дури 12 милиони долари за Музејот на афроамериканска историја во Вашингтон.
Џорџ Клуни
Актерот е во управниот одбор на меѓународната хуманитарна организација United Way и со години им помага на бездомниците. Актерот беше дел од хумантарниот проект за спречување на геноцидот во Судан. Со колегите ја основал организацијата „Not On Our Watch“, а во 2012 отпатувал во Судан, а за проблемот разговарал и со Барак Обама.
Фондацијата за правда Клуни, основана е во 2016 година, со цел да промовира правда во судницата и школите ширум светот. Минатиот месец Амал и Џорџ известиле дека фондацијата ќе издвои повеќе од два милиони долари за образование за сириските бегалци.
Парот, исто така, во 2017 година донирале милион долари во борба против организациите која поттикнува омраза и нетрпеливост но и многу други организации.
Деми Мур
Актерката се бори за правата на жртвите од трговија со луѓе, а со поранешниот сопруг Ештон Качер, во 2009 година потркенаа организација за сузбивање на сексуалното малтретирање на деца на интернет. Иако Деми и Качер не се веќе заедно, организацијата и понатаму активно делува.
Бен Афлек
Со цел да им помогне на жртвите од војната во Демократската Република Конго, Афлек во 2010 поткренал добротворна организација Иницијатива за Источен Конго. Во 2008 година снимил краток филм за текот на конфликтот и жртвите со цел да привлече внимание.
За својот неуморен труд во Конго, Афлек во 2015 година добил награда за хуманитарец на годината.
Шарлиз Теорн
Јужноафриканската актерка во 2007 година ја основа организацијата „harlize Theron Africa Outreach Project“ чија мисија е да го намали ширењето на сидата меѓу младите африканци.
Шарлиз во 2008 година стана мировен амбасадор на Обединетите народи со посебен нагласон на спречување на насилството врз жените. Освен тоа, таа се залага и за правата на хомосексуалците, рекла дека нема да се венча се додека истополовите бракови нема да бидат легални во сите земји на САД.
Пред две години доби и награда за својата хуманитарна работа.
Анџелина Џоли
Во 2006 година актерката и Бред Пит ја основаа организацијата „The Maddox Jolie-Pitt“. Целта на ова здружение е помош во хуманитарните кризи ширум планетата. Џоли веќе 19 години е амбасадорна на ОН за добра воља со посебен нагласок за проблемите на бегалците и иселениците. Била на разни мисии во повеќе од 20 земји, за својата хуманитарна награда добила и неколку награди.
Првите фотографии од малечката Шајло во 2006, посвојувањето на Пакс во 2007, раѓањето на близнаците Вивиен и Кнокс во 2008 година и венчавката на Анџелина и Бред во 2014 година биле продадени за милионски суми и донирани во добротворната организација „The Maddox Jolie-Pitt“.
Вкупните приходи за една деценија, од 2006 до 2016 година, изнесуваа неверојатни 41,1 милион долари, со тоа што 28 милиони долари дошле токму од авторските права продадени на магазините.
Елтон Џон
Музичарот во 1992 година, откако изгубил многу пријатели поради сидата, ја основала организадијата „Elton John AIDS“. Организацијата се занимава со превенција на вирусот ХИВ и борба против дискриминацијата на заболените. Освен тоа, Елтон собрал и донирал милионски износи на разни организации. Неодамна донираше милион долари за помош во Австралија.