Грк фатен со фалсификувана лична карта на граничниот премин „Богородица“

од Vladimir Zorba
163 прегледи

На 06.01.2023 во 11.30 часот на Граничниот премин Богородица при влез во државата бил лишен од слобода Р.М.(63) од Р.Грција, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело по чл.378 од Кривичниот законик.

Имено, по извршени проверки било утврдено дека неговата грчка лична карта била фалсификувана.

За случајот бил известен Јавен обвинител и лицето е задржано за понатамошна постапка.

Слични содржини