На Максимир, Динамо загуби со 2:1 од АЕК со гол во 90. минута во првиот натпревар од третото коло од квалификациите за Лигата на шампионите. Хрватскиот шампион ќе мора да бара пресврт во реваншот кој в сабота се игра во Атина. Динамо одигра одлично прво полувреме и поведе со фантастичниот гол на Марко Булат, но во второто следеше голем пад и пресврт за Грците.
Грчките медиуми денеска ја слават победата на АЕК, а еден од нив е и Јоргиос Цакирис, кој за „Газета“ напиша коментар на мечот, фокусирајќи се на прославата на голот на Галанопулос. По голот, фудбалерот на АЕК ја тргна црната лента од раката и се сврте кон Бед Блу Бојс, посветувајќи го голот на усмртениот навивач Михалис Кацурис.
Михалис, брат, се надевам дека се забавуваш во рајот. АЕК победи на неонацистичкиот стадион, а Костас Галанопулос славеше пред нивните навивачи во твоја чест со високо крената црна лента. Костас постигна гол во нивниот дом, тоа повеќе боли од се. Детето на клубот славеше, како Господ сè да договорил“, се наведува во текстот.
„Секогаш кога го гледам вториот гол се обидувам да ги запрам солзите, но не можам. Движењето на Костас, неговата реакција на голот, сета наша болка…“, додава грчкиот новинар.
Упатил порака и до навивачите на загрепскиот клуб.
„Деновиве доживуваме невиден срам, обиди да се оцрни споменот на Михалис. Ни требаше оваа победа, овој гол, оваа прослава пред неонацистите во Загреб. Михалис, славеј го брат ни, прослави и добиј извинување за ова што се случува долу, за оние кои не го почитуваат споменот за тебе и им вртат грб на нацистите, Хрватите и Грците, Динамо и Панатинаикос“ го завршува текстот кој предизвика огромна невреме во хрватската јавност.
https://twitter.com/FootballReprt/status/1691539520808730624?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1691539520808730624%7Ctwgr%5E6872343b6d2e1034d0c46afb77076da39f848937%7Ctwcon%5Es1_&ref_url=https%3A%2F%2Fnova.rs%2Fsport%2Ffudbal%2Fgrk-razbesneo-hrvate-tekstom-o-ubijenom-navijacu-brate-nadam-se-da-slavis-na-nebu-aek-je-pobedio-na-neonacistickom-stadionu%2F