Во средата, околу 19.30 часот во Битола се случила несреќа во која грчки државјанин со возило удрил во постара жена, кој починала.


Имено, на крстосницата од ул. „Македонски гемиџии“ и ул. „Буримечка“ во Битола се случила сообраќајна незгода во која С.Т. (56) од Флорина-Република Грција, управувајќи патничко возило „Мерцедес Ц220“ со грчки регистарски ознаки, удрил во пешакот П.Н. (67) од Битола, која починала на самото место на настанот.
Смрт била констатирана од страна на екипа од Итна медицинска помош. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Битола.

По наредба на Јавен обвинител над телото на починатата ќе биде извршена обдукција, а С.Т. бил лишен од слобода и задржан во Полициската станица Битола за понатамошна постапка.

Истиот ден,  во 10 часот на ул. „Ѓорче Петров“, пред зградата на Општина Ѓорче Петров, се случила сообраќајна незгода во која возило „Ауди А4“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Р.(32) од Скопје, движејќи се наназад удрил во З.З.(67) од Скопје, која како пешак се движела по тротоарот.

Од незгодата со тешки телесни повреди се здобила З.З. која со возило на брза помош била пренесена во Градската општа болница „8-ми Септември“. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Во средата, во 9.30 часот на паркинг простор од поликлиниката Ѓорче Петров, на бул. „Партизански Одреди“ се случила сообраќајна незгода во која возило „Рено Трафик“ со скопски регистарски ознаки, управувано од Н.П.(28) од Скопје, удрило во пешакот М.Л.(83) од Скопје.

По незгодата, пешакот со возило на Брза помош бил пренесен во Градска Болница „8-ми Септември“, каде му биле констатирани тешки телесни повреди и бил задржан на лекување. Увид на местото на настанот извршила екипа од СВР Скопје.

Слични содржини