Грковска- Филипиду: Дигиталната трансформација е приоритет и за двете земји

од Stefanija Kuzmanovska
197 прегледи

Заменичката на претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжена за политики за добро владеење, Славица Грковска, денеска оствари средба со новоименуваната амбасадорка на Република Грција во Република Северна Македонија, Софија Филипиду.

Вицепремиерката Грковска и посака добредојде на новоименуваната амбасадорка и ѝ посака успешено извршување на мандатот.

Притоа ја информираше новоименуваната амбасадорка на Грција во земјава, за работењето на Кабинетот и за клучните процеси кои се темелат на три столба
и тоа: дигиталната трансформација на општеството, антикорупциски политики како и градењето на професионални, транспарентни, одговорни и отчетни институции.

На состанокот се разговараше и за интензивирање и продлабочување на меѓусебната соработка, но и размена на искуствата и знаењата во областа на дигиталната трансформација на општеството и креирањето на антикорупциските политики.

Амбасадорката Филипиду истакна дека дигиталната трансформација на општеството е многу важен за успешно справување со корупцијата, но и за унапредување на ефикасноста на институциите.

Двете соговорнички разговараа за можноста за размена на искуства меѓу двете земји, како во поглед на процесите на дигитална трансформација, но и во однос на механизмите за спречување и откривање на финансискиот криминал.

Вицепремиерката Грковска ги презентираше и идните активност на Кабинетот во делот на соработката со младите и граѓанскиот сектор, кои се клучни во процесот на воспоставување на демократските процеси, ставајќи акцент на важноста за потребата од интегритет, како клучен принцип во градењето на демократското и просперитетно општество кое нуди еднакви можности за сите.

Слични содржини