„Законот за рестриктивни мерки е надлежност на МНР и затоа официјален е предлагач е МНР. Меѓутоа ние имаме заклучок на влада дека итно заедно со овој закон треба да се предложат измени и во други законски решенија и тоа ќе го направиме во најбрз можен рок. Тоа и не е така комплицирано ако се знае што се сака точно да се постигне бидејќи се мали измените и очигледна е генералната определба на владата да се направат, тогаш сметам дека и предлог измените во другите законски решенија може по скратена и итна постапка може веднаш да се подготват и достават до собранието и овој собраниски состав да ги изгласа,“ рече вицепремиерката задолжена за политики на добро владеење, Славица Грковска во интервјуто за Топ Тема на ТВ Телма, во врска со законот за рестриктивни мерки и промените во други законски решенија.
Во однос на тоа каква ќе биде постапката и релацијата влада-обвинителство, вицепремиерката посочи дека дистинкцијата е јасна и владата не ја носи одлуката, туку ја усвојува листата, понатаму процедурата оди согласно законите.