273
Вицепремиерката за политики за добро владеење, Славица Грковска, од денеска до среда ќе престојува во работна посета на Република Словенија каде ќе се сретне со словенечката министерка за дигитална трансформација, Емилија Стојменова Дух.
Во рамки на оваа посета таа ќе оствари средби и со министерката за правда на Република Словенија, Доминика Шварц Пипан, како и со потпретседателката на Судскиот совет д-р Уршка Кежмах.
Грковска вечерва ќе присуствува на приемот организиран од нашата Амбасада во Словенија по повод 30 годишнината од воспоставувањето дипломатски односи меѓу двете земји и отворањето на амбасадата во Љубљана, која беше првото дипломатско претставништво отворено по прогласувањето на независноста на нашата држава.