Гробишта од тенкови, авиони и хеликоптери: Што остана од оружјето на СССР? (ФОТО)

од Nikola Popovski
329 прегледи

Московската фотографка Лана Сатор патувала низ Русија во последниве години за да ги сними остатоците од неверојатното оружје на поранешниот Советски Сојуз, како и тајните складишта за оружје и борбените хангари.

На далечниот исток на земјата, таа направила фотографија на која се прикажани повеќе од 1.000 тенкови кои биле напуштени и оставени да пропаднат по распадот на СССР.

Таа открила и два ловци МиГ-23 во оддалечена воена база, кои биле заборавени, како и десетици фрлени хеликоптери, од кои се отстранети пропелери и други вредни делови, пишува „punkufer.dnevnik.hr“.

Руските љубители на военото оружје можат да купат дел од овој арсенал. Тенкот Т-34 од Втората светска војна, на пример, може да се купи за околу 172.500 евра. Но, продажбата е можна само кога топот е онеспособен и митралезите се целосно отстранети.

mediadrumworld.com / Lana Sator / Media Drum World / Profimedia
mediadrumworld.com / Lana Sator / Media Drum World / Profimedia
mediadrumworld.com / Lana Sator / Media Drum World / Profimedia
mediadrumworld.com / Lana Sator / Media Drum World / Profimedia

Слични содржини