ГРОМ бара владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури

од Nikola Popovski
157 прегледи

Партијата ГРОМ побара од владата да донесе одлука за забрана на извоз на жито и житни култури и уште од сега да ги обезбеди дополнителните количини на брашно и други продукти затоа што се очекува сите земји во регионот да забранат извоз на жито и брашно.

-Намаленото производство на жито и житни култури сериозно ќе влијае на производството на храна во целиот свет. Дополнително се усложнува ситуацијата со неможноста Украина да извезува со бродски транспорт како и санкцииите према Русија како два најголеми светски производители на овие култури. Тоа значи дека треба да се подготвиме за тешка зима и затоа стоковите резерви за жито треба да бидат полни, велат од партијата.

Според ГРОМ, производителите не смат да бидат оштетени и нивната цена да биде депресирана, напротив откупната цена на житото да се формира според светските берзански цени.

-На таков начин ќе ги заштитимие производителите но во исто време ќе бидеме сигурни граѓаните, сточниот и животинскиот фонд на Македонија ќе бидат обезбедни за оваа и наредната година, стои во партиското соопштение.

Слични содржини