ГРОМ ги повика сите политички партии да му дадат нова надеж на македонскиот народ

од Stefanija Kuzmanovska
229 прегледи

ГРОМ упати проглас до „сите партии кои се слободољубиви, демократски ориентирани и со изградено национално чувство, како и партиите на другите етнички заедници во Македонија јасно да ставиме до знаење на предавниците во Македонија и на дел од меѓународната заедница дека насилното изгласување на предлог заклучоците за францускиот предлог нема никогаш да ги прифатиме“.

„Затоа ги повикуваме:

ВМРО-ДПМНЕ, Левица, Социјалистичката партија на Македонија, Демократски сојуз, ДОМ, Нова либерална партија, Демократската партија на Србите во Македонија, Движење за национално движење на Турците, Демократската партија на Ромите, Демократски сили на Ромите, Македонска акција (МААК), , Партија на Власите од Македонија, Партија на обедините демократи на Македонија, Роми обединети во Македонија, Работничко земјоделска партија од Македонија, Српска напредна странка, Странка на демократска акција на Македонија, Титови леви сили и др.

Обединети и заеднчки да ставиме потпис на Договор и Декларација дека кога на следните избори ќе дојдеме на власт овие партии ќе го поништат овој документ и со ново гласање ќе ставиме до знаење дека не го прифаќаме овој бугарско- францускиот предлог за бугаризација на Македонија, ништо не е поголемо од националното достоинство па дури ни членството во ЕУ.

ГРОМ ги повикува сите партии вклучувајќи ги ВМРО ДПМНЕ и Левица да ги надминеме недоразбирањата и да му дадеме нова надеж на македонскиот народ“, стои во соопштението на ГРОМ.

Слични содржини