Гром погоди седум лица на плажа во Њујорк, загина тринаесетгодишно момче

од Stefanija Kuzmanovska
348 прегледи

Тринаесетгодишно момче загина, а шест лица беа повредени кога гром ја погоди плажата Бронкс во Њујорк, во западниот дел на Лонг Ајленд Саунд.

Полицијата соопшти дека добила повик за „човек кој е во несвест“, потврдено е за весникот „Хил“.

„По пристигнувањето, полицијата открила седум лица на возраст од 41, 33, 14, 13, 13, 12 и пет години, кои биле погодени од гром на плажа“, изјавила полициската администрација за „Хил“.

Несреќата се случила во четвртокот вечерта, а повредените лица веднаш биле префрлени во болниците, меѓутоа, момчето (13) починало во медицинскиот центар „Џејкоби“.

„Останатите повредени се во стабилна состојба“, соопшти њујоршката полиција, додавајќи дека истрагата сѐ уште е во тек.

Слични содржини