Гром во рајот! Слот не може да го поднесе Александар-Арнолд?

од Vladimir Zorba
967 прегледи

Легендата на англискиот фудбал, Пол Сколс го сподели своето мислење дека говорот на телото на менаџерот на Ливерпул, Арне Слот сугерира дека Холанѓанецот веројатно има некаков проблем со Трент Александер-Арнолд, а повеќе со играта на вториот.

Слот имаше летечки старт на „Енфилд“ откако летото го презеде долгогодишниот менаџер Јирген Клоп, освојувајќи ги првите три натпревари од сезоната без примен гол. Во текот на оваа серија, големиот ривал Манчестер Јунајтед беше поразен со 3-0 на својот „Олд Трафорд“.

Александар-Арнолд го започна секој од трите натпревари како стартер, но загриженоста за неговата долгорочна иднина во клубот останува.

Слот го замени англискиот репрезентативец на секоја од трите средби, поттикнувајќи ги шпекулациите за улогата на дефанзивецот во тимот.

Сколс внимателно ги набљудувал реакциите на тренерот за време на дербито пред репрезентативната пауза и го изјавил следново: „Секогаш кога топката беше во нозете на Александар-Арнолд, Слот одмавнуваше со главата, го вртеше погледот и се вртеше кон клупата. Трент ги испроба тие свои традиционални долги топки со кои очигледно одлично се справува, но јас си мислев: „Не сум сигурен дека му се допаѓа на тренерот“.

Поранешниот дефанзивец на Ливерпул, Џејми Карагер додаде: „Мислам дека начинот на кој Слот сака тимот да игра не е со тие долги топки. Во спротивно мислам дека тој ќе сака да го задржи Трент“.

Шпекулациите за иднината на Александар-Арнолд се актуелни веќе некое време, особено со оглед на неговата емотивна реакција по последниот натпревар на Клоп во пролетниот дел.

Репрезентативецот влезе во последните 12 месеци од договорот на „Енфилд“, а Реал Мадрид е меѓу кандидатите за негов потпис.

Слични содржини