Безбедноста на украинската нуклеарна централа Запорожје сè уште не е на задоволително ниво, поради загрижувачките неодамнешни одлуки на руските власти кои го окупираа објектот за намалување на бројот на вработени во една од 10-те најголеми нуклеарни централи во светот, изјави денеска шефот на Меѓународната агенција за атомска енергија, Рафаел Гроси.
Гроси, кој моментално е во Киев, изјави за АП дека неговата претстојна посета на централата ќе има за цел да го процени влијанието на неодамнешните намалувања на персоналот, откако Русија не им дозволи пристап на вработените во украинската државна компанија „Енергоатом“, која управува со нуклеарната централа.
„Овој огромен објект некогаш имаше околу 12.000 вработени. Сега ова е намалено на меѓу 2.000 и 3.000. За да управувате со овие многу софистицирани големи инсталации, потребен ви е одреден број луѓе кои извршуваат различни специфични функции“, истакна Гроси.