146
Експертите на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) продолжуваат да известуваат за експлозии околу нуклеарната централа Запорожје, изјави генералниот директор на Агенцијата, Рафаел Гроси.
Во изјавата објавена на веб-страницата на МААЕ, тој наведува дека нуклеарната централа е секојдневно изложена на опасност.
– Нашиот тим се уште слуша експлозии во близина на таа локација, вклучително и две кои одекнаа вчера – истакна Гроси.