Гроси: IAEA не најде докази за подготовка на валкана бомба во Украина

од Stefanija Kuzmanovska
231 прегледи

Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси денеска соопшти дека организацијата веднаш испратила инспектори во Украина по наводите дека Киев прави валкана бомба.

Тој ова го изјави на маргините на климатскиот самит на Обединетите нации Коп 27 во египетскиот град Шарм ел Шеик, пренесува ТАСС.

„Веднаш, во рок од неколку дена, собравме инспекциски тим за трите објекти. Успеавме да потврдиме дека нема индикации за злоупотреба на нуклеарен материјал“, рече Гроси.

Слични содржини