231
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси денеска соопшти дека организацијата веднаш испратила инспектори во Украина по наводите дека Киев прави валкана бомба.
Тој ова го изјави на маргините на климатскиот самит на Обединетите нации Коп 27 во египетскиот град Шарм ел Шеик, пренесува ТАСС.
„Веднаш, во рок од неколку дена, собравме инспекциски тим за трите објекти. Успеавме да потврдиме дека нема индикации за злоупотреба на нуклеарен материјал“, рече Гроси.