212
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA), Рафаел Гроси, изјави дека испраќа експерти на две локации во Украина, за кои Русија навела дека на нив се одвиваат активности поврзани со можното производство на „валкани бомби“.
Гроси во соопштението наведе дека експерти на IAEA оваа недела ќе отпатуваат на две локации под заштита на таа агенција, по писмено барање од украинската влада, пренесе АП.
Русија соопшти дека на тие локации се одвиваат активности поврзани со можното производство на „валкани бомби“.