194
Генералниот директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси денеска пристигна на територијата на регионот Запорожје, кој е под контрола на Русија, каде треба да ја посети нуклеарната централа во Енергодар, пренесе РИА Новости.
Гроси ја одложи вчерашната планирана посета на нуклеарната централа во Запорожје, под контрола на Русија, додека не се подобри безбедносната ситуација, изјави неименуван висок функционер на украинската влада, пренесе „Ројтерс“.
Руската новинска агенција „Интерфакс“ објави дека локален руски функционер рекол дека Гроси денеска ќе ја посети нуклеарната централа.