145
Директорот на Меѓународната агенција за атомска енергија (IAEA) Рафаел Гроси изрази надеж дека Русија и Украина ќе постигнат договор за создавање на заштитена зона во областа околу нуклеарната централа Запорожје до крајот на годината.
„Посветен сум на изнаоѓање решение што е можно поскоро. Се надевам до крајот на годината“, изјави Гроси во интервју за италијанскиот весник „Република“ објавено денеска.
Како што навел, целта на IAEA е да се избегне нуклеарна несреќа, а не да се создаваат околности кои би фаворизирале која било страна во конфликтот.