Гроси се сретна со руска делегација, разговараа за безбедноста на централата Запорожје

од Stefanija Kuzmanovska
146 прегледи

Шефот на Меѓународната агенција за нуклеарна енергија при ОН (IAEA), Рафаело Гроси, денеска во Истанбул се сретна со руската делегација за да разговара за безбедноста на нуклеарната централа Запорожје во Украина, која е под контрола на Русија, соопшти IAEA.

Нуклеарната централа Запорожје, која беше заземена од Русија набргу по инвазијата на 24 февруари, повторно беше цел на артилериски напади минатиот викенд, поради што IAEA апелираше за воспоставување заштитна зона околу овој нуклеарен објект за да се спречи нуклеарна катастрофа, пренесува „Ројтерс“.

Русија и Украина се обвинуваат меѓусебно за гранатирање на централата во последните месеци и оштетување на зградите и далноводите што ја снабдуваат централата со електрична енергија и се клучен извор на енергија за капацитетите што го ладат нуклеарното гориво во шест реактори.

Слични содржини