Гроси: Ситуацијата во електраната Запорожје се уште е ризична

од Vladimir Zorba
246 прегледи

Ситуацијата околу нуклеарната централа Запорожје се уште е ризична, изјави Рафаел Гроси, генерален директор на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ).

„Сега одиме во нуклеарната централа Запорожје, поради што дојдов овде. Но, исто така, да се сретнам со претседателот (Володимир) Зеленски. Сè уште сме во релативно опасна ситуација, а МААЕ е таму за да спречи лоши последици“, изјави Гроси на новинарите по средбата со Зеленски за ситуацијата во ЗНПП.

Гроси претходно најави дека покрај средбата со Зеленски, има намера да ја посети и процени ситуацијата во нуклеарната централа Запорожје, да ги ротира експертите на агенцијата и да назначи засилена група, пренесува РИА Новости.

Слични содржини