Грозданов: Изјавите на функционерите и „еко познавачи“ во врска со рудниците се нелогични и бесмислени

од Vladimir Zorba
448 прегледи

Бесмислени, нелогични и се косат со логиката. Вакви се изјавите на функционерите и такарачените еко активисти деновиве во врска со изградбата на рудниците и нивното влијание врз животната средина, пишува во својата најнова колумна аналитичарот и металуршки инженер Виктор Грозданов.

Првиот парадокс за кој тој зборува се двојните аршини на министерката за животна средина Каја Шукова. Од една страна, пишува Грозданов таа дава поддршка на еко активисти кои се против мали хидроцентрали и рудници со објаснување дека со нивната изградба ќе биде нарушен целосниот биодиверзитет, а од друга страна за хидроцентралата Чебрен, вели дека нема да ги дава податоците од проектот во јавноста, се додека проектот нема да биде целосно завршен. Грозданов вели дека министерката ќе мора да се одлучи кога и во кој момент за некого е мајка, а за некого маќеа.

„Државата носи правила и не смее никого да дискриминира или ограничува да се повикува на државните регулативи за инвестиции. Особено пак што во еден случај станува збор за инвестиција со чија реализација ќе се вработат директно или индиректно 15000 граѓани, кои ќе имаат европски плати, ќе останат да живеат во Македонија, ќе добијат стручна наобразба од врвни македонски научници, дел од нив ќе се вклучат и во образовниот процес и при тоа целосната индустријализација на државата гарантира економски бум во вкупна вредност од 70 милијарди евра. Да резимирам, јас немам лично ништо против Г-ѓа Каја Шукова. Но, истата мора конечно да разбере дека се додека е министер таа нема право на личен став. Повторувам, изградбата на нови рударски капацитети во Македонија е прашање на иднината кое надминува еден политички мандат на Собрание, Влада, Претседател на Републиката, Градоначалници и Локални Совети. Ова прашање не смее да се става во контекст на дневно политичка агенда и предизборни калкулации. Едноставно, долгорочната економска стабилност на нашата Татковина зависи од правецот кој ќе го фатиме токму по прашањето на индустријализацијата, пишува Грозданов.

Вториот парадокс за кој пишува Грозданов се ТВ емисии кои наводно се грижат за екологијата, но всушност шират куп невистини со цел ширење паника, страв и омаловажување на сите кои мислат поинаку во врска со рудниците.

„ Замислете, тие кои подржуваат отворање рудници биле на психотропни супстанци. Еве јас лично ова го книжам како обид за привлекување внимание и уште еден знак на слабост и недостаток на аргументи. Но, бидејќи јас сум навикнат на вакви глупости не сум потресен, но клучната дилема е дали водителот на емисијата е свесен кого се’ стави во категорија – наркомани. Така на пример еден од поддржувачите на изградба нови рударски комплекси е и Проф. Др. Александар Димитров. Во два мандата Декан на Технолошко-металуршки факултет и Раководител на Институтот за екстрактивна металургија. Ученик на научниците по физичка хемија Светомир Хаџи Јорданов, Тома Грчев и Љупчо Арсов, а овие пак ученици на Панче Кирков. Последниов на времето е најскапо платениот научник по Физичка Хемија во СФР Југославија. Проф. Др. Димитров и тимот од институтот за екстрактивна металургија се најгласните во делот за индустријализација на Македонија, во кое предничи отворање рудници, со најмодерна достапна технологија за комплетна грижа на животната средина, зачувување на металот во Македонија, да се изврши комплетна завршна обработка овде и Македонија да осигура економски промет од 70 милијарди евра. Ако овој човек, општественик, научник според критериумите на водителот е наркоман, тогаш каква етикета заслужуваат некои наши ценети актери, чиј автомобил им пливаше во реката Вардар или самите раскажуваат за своите мултидимензионални зависности. Јас воопшто не сакам да го туркам носот во нечии приватни животи. Напротив, мене овие актери ми се драги и нивното актерство исклучително го ценам, но мислам дека е крајно време да почнеме да внимаваме што пласираме во јавност. Не значи ако сте добиле грант за еколошка емисија дека треба да се докажувате колку наводно ја браните животната средина (која во меѓувреме е само нечија тезга) со вакви приземни и недостојни квалификации, објаснува Грозданов.

Во самата емисија, пишува Грозданов се искажани многу невистини, од типот на тоа дека рудник ќе имало во сред поле и ќе имало експлозиии. Манипулираат, пишува Грозданов, затоа шо рудникот е во ридот, а во нив сега се користи „имплозија“ која го растресува земјиштето за полесно копање и со бучава нормална за човеково уво.

„ При мелењето на рудата ќе се создавала енормна прашина и истата ќе одела во полето. МАНИПУЛАЦИЈА . Мелење на руда се врши во систем како „мелница за кафе“. Прашината е во мелницата, од едноставна причина, никој несака да металот од кој заработува да му побегне, впрочем исто како кафето кое се мели. Ќе имало ЅО2(сулфур диоксид) и ќе се создавале кисели дождови кои ќе го срамнеле струмичкото поле. НЕТОЧНО. За да има вакво нешто треба да има печка, тоа се вика пирометелургија. Тоа не постои. Се користи вода и тоа се вика хидрометалургија. Велат ќе имало брана висока 2260 метри. СЕ ПРАВАТ НЕДОВЕТНИ. Самата компанија го послуша советот од еден и единствен состанок на научници предводени од Проф. Др. Александар Димитров да се оди со минимално користење на рударска вода и со сува постапка. БРАНА НЕМА ДА ИМА И ЗАТОА ИНВЕСТИТОРОТ ДОСТАВИ ПИСМЕНИ ГАРАНЦИИ!, пишува Грозданов.

Затоа големите „еко познавачи“ на чело со водителите и нивните гости немаат образовен капацитет да разберат металуршки процеси. Проблемот, според Грозданов е што вакви ликови одработуваат за центри на моќ кои ја злоупотребуваат нивната лековерност, а нивната лажна еко посветеност е обланда за вистинската цел на АНТИ НАТО структурите, кои сакаат Македонија и понатаму да се држи во заложништво наместо да граби напред.
„Сепак овие АНТИ НАТО и АНТИ МАКЕДОНСКИ елементи се повеќе се нервозни бидејќи се прочитани и не можат и понатаму да ги продаваат нивните манипулации како апсолутна вистина. Научниците се будни, свесни, совесни и државнички настроени за благодетот на сите граѓани на Македонија, пишува Грозданов.

Рудници во Македонија постојат 4000 години пред Исус Христос. Со неверојатна технологија за обработка. Пред 50 години секаде каде има рудник во Македонија имало наталитет, домаќинлук и економски просперитет. Ние поборниците за финансиска независна и суверена Македонија нема повеќе да ја вртиме главата. Туку напротив со сета сила ќе помогнеме и ќе оствариме она што им е најпотребно на граѓаните, а тоа е среќа, завршува Грозданов.

Слични содржини