Грозданова: ЕМА ќе известува постојано, засега Астра Зенека нема директна корелација со последиците

635 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, претседателката на комитетот за имунизација, Александра Грозданова се осврна на влијанието на вакцината Астра Зенека, нејзината употреба тука, но и на глобално ниво, и уште еднаш го потврди позитивниот извештај од Европската медицинска агенција.

„Препораките кои вчера ги донесе работната група за вакцинација беа поттикнати од информациите од вчерашниот ден кои пристигнаа од Германија и Канада, па преземавме чекори за следење на ваквите насоки. Попладнево, ЕМА имаше состанок, токму поради овие наоди и повторно се утврди дека не постои индикација на згрутчување на крвта по примањето на Астра Зенека. Но, тие посочија дека ќе следат понатаму, па ќе бидеме навремено известени преку секојдневните соопштенија кои ќе пристигнуваат. Воопшто нема потреба за паника, бидејќи досегашните известувања велат дека последиците немаат корелација со оваа вакцина. Граѓаните не треба да паничат што ја примиле првата доза, но сепак постојат насоки дека доколку почуствуваат болка, главоболка, болка во пределот на амбдоменот зголемување на вените и слично, да се јават кај своите матични лекари“, истакна Грозданова.

Слични содржини