Грозданова: Фајзеровата вакцина досега се покажа како најквалитетна, а безбедни се сите понудени

251 прегледи

Во своето гостување во „Топ тема“, претседателката на Комитетот за имунизација, Александра Грозданова посочи дека вакцините се безбедни и дека во понатамошни студии ќе има епидемиолошки скрининзи, во поглед на ефикасноста на вакцините и сојот кој преовладува на одредена територија.

„Според планот се предвидени повеќе сценарија. Во моментов имаме сценарио на недостапност на повеќе вакцини. Според динамиката по приоритетот на здравствените работници, ќе ги вакцинираме и останатите граѓани. Во секој момент, ќе се отворат дополнителни повеќе пункта за вакцинација. Такашто, ќе видите дека динамиката со пристигнувањето на кинеските вакцини ќе биде поголема. Секаде во светот како и кај нас, има групи со приоритет. Граѓаните над 70 години се втората група по здравствените работници. Затоа ни се потребни матичните лекари, кои ќе ни потврдат дали може или не лицето да се вакцинира, со оглед на терапија, хронични заболувања, моментална здравствена состојба. До податоците стигнавме преку координација која ја направивме уште во декември месец. Консултацијата за хронични заболуваа ни е потребна, и истата ја направивме преку матичните лекари. Претпазловост исто така треба да има кај пациенти кои имаат алегрии, кои пред вакцинацијата треба да заминат на консултација и преглед кај специјалист. Од клиничките студии, најквалитетна е Фајзеровата вакцина, но пациентите по сите препораки треба да бидат внимателни. Астра зенека вакцината јави безбедност, но јавува помала ефикасност кај постарата популација. Понатаму ќе очекуваме дека ќе бидат дизајнирани одредени вакцини, бидејќи ќе се детектира ефикасноста на вакцините кон сојот кој преовладува во одредена територија“, истакна Грозданова.

Слични содржини