Грција обезбеди две важни исклучоци во договорот за намалување на потрошувачката на гас, одобрен во вторникот на вонредниот состанок на Советот на министри за енергетика на ЕУ.
Тие исклучоци не ги елиминираат негативните последици од договорот врз енергетскиот систем и економијата на Грција, но значително ги ограничуваат и оставаат простор за ефикасно управување, пишува денеска весникот „Екатимерини“.
Грција успеа да добие клаузула која овозможува намалувањето на потрошувачката на гас од 15 проценти да се пресметува во однос на периодот од 1 август 2021 до 31 март минатата година, а не врз основа на просекот од претходните пет години.