Грција ги олеснува рестриктивните мерки наметнати заради короната

од Stefanija Kuzmanovska
205 прегледи

Грција денес продолжи да ги олеснува воведените рестриктивни мерки за да се спречи ширењето на коронавирусот.


Клиентите во трговските центри веќе не се должни да носат заштитни маски, додека вработените сè уште се должни да ги носат, објави грчкиот весник „Катимерини“.

Беше повлечена и претходната одлука да се дозволат до шест клиенти само на една маса во барови и ресторани.

Одлуката беше објавена денес во билтенот на Владата.